За Глобочки ДООЕЛ
“ГЛОБОЧКИ“ се занимава со инженеринг, изведба/реконструкција и надзор на градежни објекти. Проектите кои ги имаме изведувано се за најразлични цели: станбени, општествени, деловни и индустриски објекти. Во градежната дејност може да понудиме изведба/реконструкција/надзор на објекти во целост или на посебни фази од градежништвото.
Зад успешноста на нашата компанија стои искусен тим на инжењери и технички лица кои се гаранција за брзо и квалитетно извршување на работите:
- Дипломирани градежни инжењери
- Дипломирани електротехнички инжењери
- Градежни и архитектонски техничари
- Квалификувани градежни работници од различни области
“ГЛОБОЧКИ“ е основана во 1991 а од 1999 започнува и со изведување на градежни проекти во СР Германија. Погледнете ја нашата галерија на проекти кои ги имаме изведено или извршено реконструкција. Поседуваме градежна механизација, градежен алат како и мерни инструменти за современа, брза и квалитетна изведба, особено на армирано – бетонски конструкции